Користете бесплатен Gmail за испраќање и примање мејлови со мејл адреса со вашиот домен.
Ве молиме пратете ги следниве инструкции:

1. Најавете се на вашата сметка и кликнете на МОИ ДОМЕНИ
2. Кликнете на доменот и кликнете ДНС ЗОНА
3. Во ДОДАДИ НОВ ЗАПИС полињата одберете TXT под ТИП НА ЗАПИС
и внесете го следниов текст под ПОДАТОК v=spf1 include:_spf.google.com include:spf.glesys.se ~all
4. Кликнете ЗАЧУВАЈ
5. Кликнете на МОИ ДОМЕНИ и кликнете МЕЈЛ ПРЕНАСОЧУВАЊЕ
6. Додадете мејл адреса со доменот во левото поле
7. Внесете ја Gmail адресата за дестинација во ПРЕПРАТИ ДО
8. Кликнете на ЗАЧУВАЈ

Сега сите мејлови што се испраќаат до вашата мејл адреса со домен ќе бидат автоматски пренасочени кон вашата Gmail адреса.

Конфигурирајте го истотака Gmail за испраќање мејлови со вашата мејл адреса со домен.
Ве молиме пратете ги следниве инструкции:

1. Доколку немате SMTP сервер, контактирајте не на [email protected] за да ви креираме
2. Најавете се на вашиот Gmail
3. Кликнете на SETTINGS на горното десно ќоше
4. Кликнете на SEE ALL SETTINGS
5. Кликнете на ACCOUNTS и кликнете на ADD ANOTHER EMAIL ADDRESS
6. Внесете ја мејл адресата со домен во EMAIL ADDRESS
7. Кликнете NEXT STEP
8. Внесете ти податоците за SMTP сервер што ви ги имаме доставено по ваше барање и кликнете на ADD ACCOUNT
9. Внесете го кодот што го имате добиено на вашата Gmail адреса и кликнете VERIFY
10. Во ACCOUNTS под SEND MAIL AS можете сега да го видите вашата мејл адреса со домен. Кликнете на MAKE DEFAULT

Сега можете истотака да испраќате мејлови со вашата мејл адреса преку Gmail

Забелешка: Обезбедете прво доменот да користи СИСТЕМСКИ НЕЈМ СЕРВЕРИ [ns.ns1.mk | ns.ns2.mk | ns.ns3.mk] пред да додадете ДНС запис.
SMTP сервер доставен од нас е бесплатен до крајот на првата година, каде што наредната година цената изнесува 1€/месечно.